X
 21.07.2016 Живот

Најдобар начин за борба против расистите

Извештаи за напад од расисти се зголемиле во последните неколку недели. Многу луѓе кои го сведочеле ова се несигурни дали да интервенираат.


Но Фејсбук објави напис како да се справите со оваа ситуација. Оригиналниот напис беше објавен од Удити Шејн, кој вклучи и видео од расистичко малтретирање кое се случило во Манчестер.

„Никогаш не се противете на нападникот. Тој само бара спротивставеност. Наместо тоа зборете му, кажете здраво, претставете се. И само стојте со нив. И продолжете да зборувате. ... Оформете група од луѓе со или околу нив. Не им кажувајте дека не се сами. Едноставно не дозволувате да бидат сами. Зборам од искуство. Еднаш сретнав девојка која носеше хиџаб и беше нарекувана терорист од страна на пијан човек. Јас само седнав до неа и почнав разговор. По некое време, човекот изгуби интерес.“

Главната порака на сето ова е да не малтретирате некој кој има несреќна судбина, или да го игнорирате малтретирањето. Луѓето кои се расисти очекуваат кавга, па затоа не им го пружајте ова задоволство.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот