X
 08.06.2020 Уметност

Бенкси го претстави новото уметничко дело како поддршка на протестите во САД

Британскиот уличен уметник Бенкси го претстави своето ново уметничко дело како поддршка на антирасистичките протести низ САД поради смртта на Џорџ Флојд.

Бенкси го објави новото дело на социјалната мрежа „Инстаграм“. На него е прикажан портрет на Афроамериканец без лице и свеќа. Целата слика покажува како свеќата го пали американското знаме, покажувајќи како смртта на Флојд ги поттикна протестите низ земјата.

Афроамериканецот Флојд почина откако полицаец му го притискаше вратот речиси 9 минути, и покрај извиците на Флојд дека не може да дише. Инцидентот предизвика протести против полициската бруталност низ земјата, а потоа и низ други земји, меѓу кои и Велика Британија.



Во порака објавена заедно со сликата Бенкси пишува дека расизмот не е само проблем на Афроамериканците, туку на сите.

- Не е нивен проблем. Мој е. Како пукната цевка која го поплавува станот на луѓето што живеат долу. Овој неисправен систем им ги прави мизерни нивните животи, не е нивна работа да го поправаат - пишува Бенкси.

Судејќи според коментарите на сликата, многумина ја поддржуваат сликата од горењето на американското знаме, иако оваа активност претставува криминално дело во САД.

Автор: Питер Аткен
Извор: foxnews.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност