Со наклон од 22 степени, улицата Вале во Бристол се смета за најстрмна во Велика Британија. За да се искачите на врвот на улицата, треба да бидете во прилично добра форма.
Многумина доаѓаат и ја посетуваат улицата за да ја тестираат својата физичка издржливост и сила, но и да се фотографираат. Луѓето што живеат на оваа улица ги паркираат автомобилите дијагонално за да спречат тие да се истркалаат надолу, а некои дури ги врзуваат за столб ако патот е замрзнат или ако врне.
Но, посетата на улицата е уникатно искуство особено за велосипедистите, на кои ова искачување им е голем предизвик. Тие обично почнуваат многу брзо, а потоа искачувањето нагоре им е прилично тешко.
Но, необезбедените автомобили или велосипедистите кои губат контрола не се единствените што се тркалаат низ Вале. За време на велигденските празници жителите се собираат за традиционална трка со јајца. Се искачуваат на врвот на улицата и потоа ги пуштаат јајцата да се тркалаат по удолницата, а победник е оној чие јајце е најбрзо.
Фото:
Instagram