X
 06.11.2022 Живот

Шпанија поставува „змејски заби“ на улиците за да ги намали сообраќајните несреќи

Со зголемувањето на бројот на автомобили се зголемува и бројот на сообраќајни несреќи во Шпанија. Таквите несакани несреќи особено се случуваат во градовите каде што има голем метеж.

Шпанските власти се обидуваат да го намалат бројот на сообраќајни несреќи на повеќе начини, а последен метод е поставувањето таканаречени „змејски заби“ на улиците.



Станува збор за триаголни обоени ознаки на улиците кои кај возачот предизвикуваат имагинарен ефект на стеснување, поттикнувајќи го да ја приспособи брзината и да го зголеми вниманието.

Од шпанското Министерство за сообраќај известиле дека поставените знаци имаат ефект и на местата на кои се наоѓаат се случуваат помалку сообраќајни несреќи.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот