MTV ги објави номинираните за овогодинешните видео музички награди - во номинациите водат двете најпопуларни пејачки.
Американската пејачка Бијонсе освои најголем број од номинациите - вкупно 11, а веднаш после неа се наоѓа британската ѕвезда Адел со 8 номинации. И двете пејачки се номинирани за најголемата награда на настанот - Видео на годината; Бијонсе за „Formation“, а Адел за „Hello“. Меѓу номинираните за оваа награда се најдоа и Џастин Бибер со „Sorry“, Дрејк „Hotline Bling“ и Канје Вест со „Famous“.
Видео музичките награди ќе се одржат во Њујорк во Медисон Сквер Гарден на 28 август. Во продолжение се номинациите.
Видео на годината
Адел - „Hello“
Бијонсе - „Formation“
Дрејк - „Hotline Bling“
Џастин Бибер - „Sorry“
Канје Вест - „Famous“
Најдобро видео од женски изведувач
Адел - „Hello“
Бијонсе - „Hold up“
Сиа - „Cheap Thrills“
Аријана Гранде - „Into you“
Ријана & Дрејк - „Work“
Најдобро видео од машки изведувач
Дрејк - „Hotline Bling“
Брајсон Тилер - „Don't“
Келвин Харис & Ријана - „This Is What You Came For“
Д Викенд - „Can't feel my face“
Најдобра соработка
Бијонсе & Кендрик Ламар - „Freedom“
Фифт хармони & Тај Дола Сајн - „Work from home“
Аријана Гранде & Лил Вејн - „Let me love you“
Келвин Харис & Ријана - „This Is What You Came For“
Ријана & Дрејк - „Work“
Најдобро хип-хоп видео
Дрејк - „Hotline Bling“
Брајсон Тилер - „Don't“
Деслајнер - „Panda“
Ченс д Рапер & Саба - „Angels“
2 Чеинз - „Watch out“
Најдобро поп видео
Адел - „Hello“
Бијонсе - „Formation“
Џастин Бибер - „Sorry“
Алесија Кара – „Wild Things“
Аријана Гранде – „Into You“
Целосната листа можете да ја погледнете
ТУКА.