„Ексел“ на „Мајкрософт“ може да се користи и за цртање, играње игри, но и за создавање музика - нормално, ако некој се потруди и среди сѐ како што треба.
Дилан Талчиф е дигитален уметник и музичар чие најново дело им го привлече вниманието на многу вљубеници во технологијата, музиката, но и табеларните калкулации. Имено, Талчиф во „Ексел“ со помош на макронаредба и можности кои инаку се присутни во „Ексел“ вградил целосно функционална ритам-машина за создавање музика.
Познато е дека „Ексел“ е моќна алатка која програмерите и ентузијастите и порано ја користеле за создавање уметнички слики, програмирање на аркадни игри и слични нешта, а сега гледаме дека е можно во оваа програма и да се компонира.
Меѓутоа, Талчиф не запрел само на ритам-секцијата, па во својот проект вметнал и можност за создавање мелодија со помош на виртуелно свирење на клавијатура, што „Ексел“ и неговите ќелии ги претворило во речиси целосна дигитална аудио работна станица (DAW).
Освен создавањето музика во графичкиот интерфејс, од „Ексел“ е можно дури и да се изведат музички креации во обликот на .als датотеки. Потоа тие може да се отворат и уредат во програмата за продукција на музика „Ableton“.
Овој забавен додаток за „Ексел“ се нарекува xlStudio и во облик на .xlsm датотека бесплатно е достапен за преземање на
облакот на авторот.
Извор:
Bug.hr