X
 01.03.2017 Наука

Закана за човештвото: Смртоносни бактерии отпорни на антибиотици

Во пресрет на зголемување на отпорноста од антибиотици, Светската здравствена организација објави листа на најсмртоносни бактерии кои му се закануваат на човековото здравје.


Се работи за 12 типа на најопасни бактерии кои имаат развиено отпорност кон лекови кои се користат за третирање на инфекции. Отпорноста од антибиотици светото го чини 700 илјади изгубени животи годишно, а експертите предвидуваат дека бројката ќе се зголеми и на 10 милиони годишно до 2050 година.

Листата е поделена на три категории – критична, висока и средна, опишувајќи колку ни се потребни нови антибиотици за да се справиме со бактериите. Во критичната група спаѓаат три бактерии „Acinetobacter baumannii“, „Pseudomonas aeruginosa“, и „Enterobacteriaceae“, кои се отпорни на повеќе видови лекови, а можат да предизвикаат сериозни инфекции, вклучувајќи и пневмонија и инфекции во крвта.

Имајќи ја листата, експертите ќе работат на пронаоѓање нови антибиотици кои би се справиле со овие смртоносни бактерии.

Приоритет 1: КРИТИЧНО

1. Acinetobacter baumannii, carbapenem-отпорност
2. Pseudomonas aeruginosa, carbapenem-отпорност
3. Enterobacteriaceae, carbapenem-отпорност

Приоритет 2: ВИСОКО

1. Enterococcus faecium, vancomycin-отпорност
2. Staphylococcus aureus, methicillin-отпорност, vancomycin-отпорност
3. Helicobacter pylori, clarithromycin-отпорност
4. Campylobacter spp., fluoroquinolone-отпорност
5. Salmonellae, fluoroquinolone-отпорност
6. Neisseria gonorrhoeae, cephalosporin-отпорност, fluoroquinolone-отпорност

Приоритет 3: СРЕДНО

1. Streptococcus pneumoniae, penicillin-неподложност
2. Haemophilus influenzae, ampicillin-отпорност
3. Shigella spp., fluoroquinolone-отпорност

Целиот извештај е објавен на веб страницата на „WHO“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука