X
 07.08.2016 Наука

Најчудните научни експерименти за оваа година

Науката секојдневно не' изненадува со своите резултати. Исто така, се прават експерименти чија цел, барем првично не е баш најјасна додека некои се целосно бесмислени. Со тоа на ум, ви ги донесуваме некои од најчудните експерименти направени во текот на оваа година.

 

eksperiment


Панкреас од свињи

Побарувачката за човечки органи е исклучително голема, а понудата е многу скромна. Научниците со децении се обидуваат да ја намалат нерамнотежата помеѓу понудата и побарувачката, а овој експеримент се чини дека ветува многу - на Универзитетот во Калифорнија научниците успеаја во телото на прасињата да создадат човечки органи, особено панкреас. Оваа метода доста ветува и се чини дека со неа конечно ќе се сретнат потребите на пазарот, меѓутоа од друга страна постојат морални дилеми и силен отпор од страна на активистите за правата на животните.

Електричен писоар

Интересно е со што се' се занимаваат луѓето. Некои научници на пример, го трошат времето размислувајќи како да ја искористат човечката урина. Универзитетот во Брисел дел од своите ресурси ги посвети токму на овој проблем и создаде писоар кој произведува електрична енергија.

Роботска пилула за операции

Минијатурната електроника напредувала од своите скромни почетоци. Моментално во завршна фаза е изработката на минијатурни, целосно сварливи роботи кои може да се голтнат како обична пилула, а кои потоа ќе ги излечат раните на вашето тело.

Батерии на бактерии


Иако уделот на обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка расте, ненаситниот глад на цивилизацијата за гориво е бескрајна. Она што го имаме на располагање, а не го трошиме треба да се зачува за идна употреба. Водејќи со според оваа идеја, научниците од Холандија развија батерија базирана на бактериски организми, а научниците се надеваат дека понатамошниот развој на оваа технологија ќе стане одлична конкуренција на сегашната технологија на производство на енергија.

Лековити муви


На Универзитетот во Северна Каролина се манипулира со ген на мувите такашто се излачува молекула која кај човекот го забрзува заздравувањето од повреди.

Кокошка со нозе на диносаурус

Во уште една манипулација со гените, научниците ја промениле коската на кокошката да има исти својства како што имале коските на диносаурусите. Инаку птиците еволуирале од диносаурусите.

Одредување на сексуалниот нагон на црвите

Политехничкиот институт од Вустер финансирал истражување кое одредувало кога црвите (Caenorhabditis elegans) чувствуваат потреба да се репродуцираат и да бараат партнери. Резултатите покажуваат дека за ваквото комплексно однесување одговорни се четири неврони.

Утврдување кој пол на горила сака повеќе да пее додека јаде

Забележано е дека горилата кои живеат во дивината често пати потпевнуваат и мрморат додека јадат, такашто неколку научници се трудат да дознаат кој пол на горила ова најчесто го прават и до кој степен. По долгорочните набљудувања, научниците откриле дека возрасните мажјаци потпевнуваат почесто отколку женките.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука