X
 28.09.2022 Забава

Бизарна книга од 1923 година ги советува мажите со каква жена да не се оженат

Модерните времиња подразбираат постојани промени во сите сфери, па така и во поглед на машко-женските односи. Токму поради тоа, малку бизарна книга од 1923 година, каде што мажите се советуваат со кои девојки не треба да стапат во брак, насмеа многу корисници на интернет, но некои и се налутија.

Иако е напишана пред еден век, книгата на Р. Герлинг под наслов „Девојките кои не треба да ги ожените“ очигледно и денес може да предизвика различни емоции кај читателите.

Меѓу другото, во содржината на книгата стои дека во неа има опомени и совети за првата љубов и дека се изнесени мааните и предностите на младите способни да стапат во брак.

Мотото испишано во горниот десен агол е: Нека испита кој завек се врзува - лудоста е кратка, а каењето подолго.



Авторот се потрудил на читателите да им понуди и илустрации, а има и приказ на „шест профили на глупави девојки“.

- Познато е дека вкусовите се различни, но секој што сака да се жени го советувам да не гледа само во очите, туку и во лицето - советува авторот.



Не беше потребно многу време за овие совети да добијат коментари, а повеќето корисници на интернет се согласија дека се насмеале, прифаќајќи дека ваквите совети се апсурдни. Сепак, некои ја сфатија лично и признаа дека книгата ги згрозила.

Извор и фотографии: Klix
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава