X
 15.08.2016 Живот

Катастрофален дожд предизвика поплави во Москва

poplava

 

Делови од Москва се најдоа под вода откако падна најголемиот дожд во последните неколку децении.


Повеќе од стотина луѓе морале да бидат спасени од поплавите. Дождот во Москва започнал да паѓа синоќа, а врнежите не престануваат и денес со што паднаа 80 милиметри, количина која паѓа обично за цел месец.

Со тоа е надминат рекордот во дневна количина на дожд уште од 1970 година. До попладнето во Управата за поплави во Москва се упатени повеќе од 350 повици на кои се пријавуваат поплави. На социјалните мрежи се објавени голем број фотографии и видео-снимки на кои се гледа како возилата се обидуваат да возат низ водата.

Општинските служби на терен испратија околу 500 возила за спасување на граѓаните кои останале заглавени во поплавата. За среќа, не е забележана ниту една жртва.

Реката Јауза го пробила насипот на неколку места, а метеоролозите очекуваат да врне до утре попладне со што е прогласен портокалов метеоаларм.

 



Foto: Tanjug
Foto: Tanjug

.

Foto: Tanjug
Foto: Tanjug

.

Foto: Tanjug
Foto: Tanjug

.

Foto: Tanjug
Foto: Tanjug

.

#море в #мытищах #потоп #водоканал #мытищи

A photo posted by Liudmila Pavlenko (@liudmilapavlenko) on

Foto: Tanjug
Foto: Tanjug

.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот