Од ден во ден, секој ден сме се' постари - постои и веб страна посветена на тоа да не' потсети колку точно сме стари. Се' што е потребно да направите е да го напишете вашиот датум на раѓање, со што страната ќе ви даде долга перспектива за вашите години заедно со уште неколку морбидни статистички податоци.
Ако сте родени во 1991 година, на планетата Земја тогаш живееле 5.4 милијарди луѓе. Денес популацијата на Земјата е поголема за 2 милијарди. Месечината направила полн круг околу Земјата 331 пат, а сте имале 4 години кога овцата Доли влегла во историјата како првиот успешно клониран цицач.
Ова се интересните податоци кои ќе ги дознаете на страната
You.regettingold.com, заедно и со помалку застрашувачка статистика.
Имено, страната ќе ви покаже колку луѓе биле родени истиот ден, колку умреле и колку се'уште се живи.
Од 100.000 родени луѓе на 4 ноември 1991 година, скоро 2.000 повеќе не се меѓу живите. Колку сте постари, толку повеќе овој црн квадрат е поголем и пострашен.
Секако, страната е направена за забава и навистина нуди интересни факти, и дефинитивно ќе ве натера да го цените тоа што се'уште се наоѓате во жолтиот дел од графиконот.