X
 17.05.2015 Забава

Откријте какви се вашите когнитивни способности

Уредите како што се паметните телефони, таблетите и слично, буквално станаа неопходен дел од човечкото тело. Во овој технолошки свет, Apple е еден од најкористените брендови, а неговото лого дефинитивно сите го знаат.

 

apple


Аpple дефинитивно еден од најсилните играчи во овој  свет и на сите ни е познато неговото лого. Или можеби не? Дали можете да го препознаете покрај седумте слични?

Имено, 84 од 85% од студентите на Универзитетот во Калифорнија погрешно одговориле на прашањето, иако 70% од нив користеле производи од Apple, а 85% имале барем еден уред од овој технолошки гигнат.

Иако студентите биле уверени дека дури и можат да го нацртаат логото, се покажало дека не можат да го препознаат. За ова постои и научно објаснување.

„Човечката меморија, дури и кога стнаува збор за секојдневни работи, е значително послаба“, вели Алан Кастел, лидерот на истражувањето.

Тој додава дека причината зошто луѓето биле уверени дека знаат како да нацртаат лого, а всушност не можеле да го препознаат е тоа што мозокот се фокусира на поважни работи во тој процес, со тоа што ги филтрира неважните.

За крај, точниот одговор на прашањето меѓу осумте понудени сликички е сликата број B.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава