X
 19.08.2016 Живот

Абецеда на Олимписките игри: интересни факти, втор дел

Поради бојкот на Игрите во СССР (Москва) во 1980 од страна на нивните држави, спортисти од Италија, Франција, Велика Британија, Австралија, Данска, Швајцарија, Шпанија, Белгија, Холандија, Ирска, Андора, Сан Марино, Луксембург, Португалија и Порто Рико, се натпреваруваа под олимпиското знаме. Причината за бојкотот биле затегнатите односи во т.н. Студена војна меѓу членките на НАТО и Варшавскиот пакт и неодамна започнатата Советско-авганистанска војна. Четири години подоцна и СССР го бојкотираше учеството на 23 Олимписки игри во Лос Анџелес.  



Гана

-    На своите учества на Олимписките игри до последниве во Рио, Гана освоила четири олимписки медали: сребрен, односно бронзен медал во бокс во 1960, 1964 и 1972 и бронза во фудбал во 1992.


Грција

-    Олимписките меѓуигри од  1906 одржани во Атина, Меѓународниот олимписки комитет не ги признава за рамноправни со останатите изданија.
-    На Меѓуигрите од 1906, островот Крит настапил како независна држава, пред да се соедини со Грција.
-    Грција е една од ретките земји која учествуваше на Игрите во Москва во 1980, иако нејзината влада ги поддржувала политиките на САД. Мнозинството земји го бојкотираа учеството во главниот град на СССР, истата година.
-    Најмладиот олимпиец е грчкиот гимнастичар Димитри Лундрас. Во Атина 1896 имаше 10 години.


Гренада

-    Првпат се споменува на Олимписките игри во Рим 1960 како дел од Западната Индиска федерација, на кои немала свои натпреварувачи.
-    Првиот освоен олимписки медал за Гренада е златен, а го добил атлетичарот Кирани Џејмс на трката на 400 метри, во Лондон 2012.


Хаити

-    Во текот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Берлин 1936, спортистите на Лихтенштајн се шокирале кога забележале дека имаат идентично знаме со тоа на Хаити. После бројните реакции од страна на европските држави, веднаш по завршувањето на Игрите, на знамето на Лихтенштајн додадена е жолта круна.


Хонг Конг

-    Прво учество под свое знаме, спортисти од Хонг Конг имаа на Олимписките игри во Сиднеј 2000.
-    Коњичките спортови на Игрите во Пекинг 2008, се одржаа на Иститутот за спорт во Хонг Конг. Тоа е втор случај во историјата на Олимписките игри, две членки на МОК да бидат домаќини во иста олимписка година. Првпат ваков случај се бележи на Игрите во Мелбурн 1956, кога шест месеци порано, коњички настани се случиле во Стокхолм, Шведска.


Унгарија

-    Алфред Хајош освоил два златни медали на Олимписките игри во Атина 1896 во пливање, а 28 години подоцна освоил и сребрен медал во архитектура за дизајн на стадион. На Игрите во Париз се одржувале и натпревари во култура, музика, цртање, скулптура, архитектура и литература.
-    Во Мелбурн 1956, се случил натпреварот во ватерполо помеѓу СССР и Унгарија, познат како „крвава бања во Мелбурн“, кога унгарецот Ервин Задор заработил посекотина од играчот на Советите, Валентин Прокопов. Во истата година се случуваше „Унгарската пролет од 1956“ против Советската превласт.


Индија

-    Првиот оимпиец од Индија е Норман Причард и се натпреварувал на Игрите во 1900 во Париз. Подоцна станал ѕвезда во Холивуд и Бродвеј.
-    Индија има најмал број освоени медали на Олимпијадите по глава на жител. Индија има 1.293.057.000 жители и 26 освоени медали.


Иран

-    Пред да емигрира во САД, таткото на славниот тенисер Андре Агаси, Емануел „Мајк“ Агаси, го претставувал Иран во бокс на Олимпијадите во 1948 и 1952.

 

Монтреал 1968, Нада Коменши 

 

 

Ирска

-    Ирска е единствената земја која ги бојкотирала Олимписките игри во Берлин 1936, заради третманот на Хитлер кон Евреите.


Израел

-    На Олимписките игри во Минхен 1972, убиени се 11 членови од израелскиот тим во терористички напад од страна на палестински екстремисти.
-    Гал Фридман е првиот и единствен освојувач на златен медал за Израел. Медалот го добил во сурфање на Игрите во Атина 2004.


Италија

-    Маратонецот Дорандо Пјетри победил на Олимписките игри во 1908 во Лондон, но бил целосно дезориентиран кога влегол на стадионот. Поради исцрпеност не можел да го погоди влезот на Олимпискиот стадион и му биле потребни десет минути да ги истрча последните 350 метри. На крајот, надзорникот на патеката Џим Ендрју и, наводно авторот на „Шерлок Холмс“, а тогашен новинар на Дејли меил, Артур Конан Дојл, му помогнале да ја помине целта. Втор бил Џон Хејз од САД. Американците се заложиле и успеале да издејствуваат да му биде одземена наградата на Пјетри. Но, на предлог на Артур Дојл, кралското семејство му врачило златен пехар на Пјетри. Во негова чест, Ирвин Берлон ја компонирал операта „Дорандо“. Во текот на Олимпиското лето 1908, сите носеле „Дорандо“ кравати и шешири и се јаделе „Дорандо“ чоколади.
-    Гимнастичарката Луџина Џавоти станала најмладата освојувачка на медал на сите времиња, за време на Игрите во Амстердам 1928. Освоила сребро на 11 годишна возраст.


Јамајка

-    Усеин Болт станал првиот човек кој освоил злато на 100, 200 и 4х100 метри, а во секоја финална трка го „рушел“ светскиот рекорд.


Јапонија

-    Некои спортисти од Кореја се натпреварувале како дел од јапонскиот тим, во текот на окупацијата меѓу 1910 и 1945. На маратонот во 1936 победил Корејанецот Сон Ки Чунг и станал првиот Кореанец со златен олимписки медал.
-    Такеичи Ниши, натпреварувач во коњички спорт, го освоил златниот медал во Лос Анџелес 1932. Загинал во битката кај Иво Џима во 1945, како командант на 26 тенковски полк.
-    Хироши Хокецу се натпреварувал во јавање и бил најстариот натпреварувач на Игрите во 2008 и 2012, на возраст од 67, односно 71 година и воопшто највозрасен натпреварувач кој настапувал за Јапонија.


Јордан

-    Принцезата на Јордан, Хаја Бинт ал Хусеин, била член на коњичкот тим на Јордан во Сиднеј 2000.  


Северна Кореја

-    Северна Кореја се пријавила да биде домаќин на Игрите во 1988, но организацијата му припаднала на Сеул, главниот град на Јужна Кореја. Корејците од Северот ги бојкотирале Игрите, бидејќи во тоа време сè уште војувале со Јужна Кореја.
-    Олимпијците на Северна и Јужна Кореја продефилираа заедно на отворањето на Олимписките игри во Сиднеј 2000.  


Луксембург

-    На Игрите во 1900 во Париз, Мишел Тео освоил златен медал во трчање маратон. Иако е роден во Луксембург, неговата победа ѝ се припишува на Франција и до денес.


Монголија

-    Монголската маратонка, Лувсанлкундег Отгонбаиар, доцнела повеќе од еден час зад победничката Мизуки Ногучи од Јапонија на Олимписките игри во Атина 2004.    


Намибија

-    Познатиот спринтер Френки Фредерикс ги освоил сите четири олимписки злата за Намибија и сите четири се сребрени.


Холандија

-    Холандските Антили се распаднаа во 2011 и од нив се формирале Курасао и Сен Мартен. Овие две земји не се членки на МОК, така што спортистите од Холандските Антили кои во 2012 настапиле под олимпиското знаме, може во Рио 2016 да настапат за Аруба или Холандија.



Во Лондон 1908 се одржала една од најинтересните маратонски трки во историјата. За првпат се трчало 42 километри и 195 метри, за разлика од претходните маратони кога дистанцата била 42 километри.  Дополнителните 195 метри биле додадени кралското семејство да има подобар поглед на стартот на трката. Должината од 42.195 метри подоцна е и официјално усвоена.

 


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот