X
 20.10.2021 Спорт

Поради карантин, олимпијците од Куковите Острови дури сега се вратија дома

Олимписките претставници од Куковите Острови дури сега се вратија дома од Олимписките игри во Токио.

По завршувањето на Олимписките игри во втората половина од август, кога слетале во Крајстчрч, Нов Зеланд, тие морале да се изолираат две недели.

Потоа биле во Окленд, но останале во градот бидејќи било забрането излегување од домовите во период од два месеца. Кога делумно била укината забраната, спортистите успеале да се вратат на Куковите Острови.



И покрај тоа што се дома, спортистите пак треба да останат во карантин две недели.

Куковите Острови имаа шест претставници на овогодишните Олимписки игри, но ниту еден од нив не освои медал. Земјата не освоила медал досега, а се натпреварува на Игрите од 1988 година.

Извор: Insider
Фото: Instagram (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт