X
 19.08.2016 Образование

Кои се предностите на учењето во помали класови?

Дали бројот на ученици во еден клас влијае на учењето на децата? Научниците открија дека малата група на ученици со помалку од 20 е корисна за децата, особено во основните училишта. Постојат неколку предности за малите класови со деца, а ова се неколку од најважните.

 



Поголемо внимание еден на еден

 

Со големина на клас од над 30 ученици е тешко за учителите да обезбедат внимание на секое дете, па дури и ако имаат асистент. Во помалите по бројност класови времето не се троши многу, а тоа овозможува повеќе време еден на еден за секој ученик индивидуално. Ова индивидуално внимание може да биде од голема корист и има позитивно влијание врз личните достигнувања на ученикот и бодовите при тестирањето.  Според студија од 1980 година на „Student Teacher Achievement Ration“ (STAR), кога класот е намален за 7 ученици (или 32 проценти во конкретниот случај), успехот на учениците расте со еквивалент на дополнителни 3 месеци на школување.

 

учење во помал клас

 

Учениците покажуваат поголем интерес

 

Со помали по бројност класови децата поминуваат повеќе време заедно во група, што значи дека градат силни пријателства наместо само познанства. Колку повеќе време поминуваат заедно пријателствата би го издржале текот на времето.

 

Можност да се прилагодат на индивидуално учење

 

Секој ученик учи на различен начин. Некои најдобро учат преку слушање, додека други преку визуелен или кинестетички начин. Учениците бенефицираат од малите класови бидејќи учителот има повеќе време на располагање специјално да дизајнира план за лекцијата, што е од голема корист за јакнење на силните страни на специфичните ученици и е поефективно за индивидуалните потреби.

 

Помалку прекинувања

 

Без оглед колку добар учител сте кога имате 30 ученици во една просторија има поголем ризик на врева и прекинувања. Концентрацијата лесно опаѓа, што подразбира учењето на децата е прекинато на дневна основа, но тоа е сосема поинаку со малите класови. Дисциплината е помал проблем, класот е потивок, а  тоа помага на  концентрацијата.

 

Повеќе време на учење

 

Студијата на Организацијата за Економски Развој и Кооперација во 2014 година откри дека учителите во Англија поминуваат само 20 часа неделно во училница. Колку е поголем класот на деца повеќе време учителот треба да посвети на администрација секојдневно.

 

Дали ангажирање на приватен тутор е од помош?

 

Предностите да се има тутор се:

 


Учење со свое темпо
Флексибилни и практични часови
Зголемување на мотивацијата за учење на сите предмети
Зголемување на самодовербата
Поттикнување за самостојно учење
Подобрување на оценките
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование