X
 04.01.2018 Живот

Методот на учење на најдобриот научник во светот

фејнман
Фото: Wikimedia Commons

Како што старееме, учењето нешто ново станува многу покомплексно и ни одзема повеќе време. Но усовршувањето непознат предмет, без разлика дали одите на училиште или не, не мора да биде толку болно.

Земете го, на пример, физичарот што доби Нобелова награда, Ричард Фејнман. Тој создал формула од три чекори што го прави учењето не само побрзо туку и подлабоко. Тој ја нагласил разликата помеѓу „знаење нешто“ и „знаење на името на нешто“.

Во продолжение прочитајте ги неговите чекори за да се запознаете со неговата техника.

Прв чекор: Научете го детето за тој предмет

Фејнман советува да земете парче хартија и преку цртеж да му го објаснете поимот/предметот на просечно осумгодишно дете.

Кога ќе ја запишете идејата од почеток до крај, со едноставен јазик што може да го сфати и детето, самите себе се форсирате да го разберете концептот на подлабоко ниво и така да ги поедноставите односите и врските помеѓу идеите. Ако ви оди тешко, ќе добиете јасна слика за тоа каде се дупките во знаењето. Оваа тензија е добра - раѓа можност да учите.

Втор чекор: Прегледајте ги дупките во знаењето


Ако имате проблем нешто ново да објасните со едноставен јазик, тоа е во ред. Но секојпат кога работите ќе станат покомплицирани и нејасни, треба да се вратите на одреден дел и повторно да го научите. „Повторувањето е мајка на учењето“, е правило што го применувал и Фејнман.

Трет чекор: Поедноставете го и прегледајте го

Во оваа фаза би требало да имате „лекција“ објаснета со наједноставниот можен речник. Она што на крај треба да го направите е да го прегледате и да го апсорбирате знаењето.

Прочитајте ги белешките наглас. Ако објаснувањето не е едноставно или звучи конфузно, тоа е показател дека ви е потребна работа во таа област.

Четврти чекор (изборен): Сето ова обидете се да го примените на човек

За да откриете дали вашата техника е успешна, добро би било навистина да му го објасните на осумгодишно дете, меѓутоа, голема е веројатноста детето да не го интересира она што сакате да му го кажете. Затоа, пробајте ја техниката на пријател.

Ако не разбере нешто од вашето објаснување, а вие не можете да му го објасните, тогаш постои уште една дупка.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот