Историската средба меѓу севернокорејскиот и јужнокорејскиот лидер е предмет на интензивен надзор.
Ким Јонг-ун и неговиот јужнокорејски колега Мун Џае-Ин се сретнаа во демилитаризирана зона што ги дели двете земји. Ова е првпат лидерите на двете завојувани земји да се сретнат во период од десет години.
Претходните снимки од Ким во голема мера беа контролирани од државата, па кога тој се сретна со Мун, луѓето од целиот свет не пропуштија да ги анализираат фотографиите и видеата од таинствениот лидер.
Фото: Getty Images
Еден конзервативен весник од Јужна Кореја ја однесе љубопитноста на сосема друго ниво и ангажира експерти за да ги проучат чевлите на Ким.
Весникот „Чосун Илбо“ ангажирал седум експерти кои со часови ги анализирале снимките од двајцата лидери.
Наводно Ким е висок 170 сантиметри, додека неговиот татко бил 158 сантиметри и ставал влошки во чевлите за да изгледа повисок.
Што откриле експертите?
Тие откриле дека Ким изгледа помалку од еден сантиметар понизок од Мун, кој е висок околу 170 сантиметри. Но забележале нешто чудно со чевлите на
Ким: високиот пад на предната страна на чевлите укажува на тоа дека Ким носи влошки што му ги туркаат нозете напред. Еден експерт рекол дека ова значи дека висинската разлика меѓу корејските лидери е речиси 5 сантиметри, и со тоа Ким е висок само 164 сантиметри.