Јули 2016 година е најтоплиот месец во историјата на извештаите на НАСА, проценејќи дека месецот беше од 0.84 степени (или 1.27 целзиусови) потопол од 1950 до 1980 година во светскиот просек и 0.11 степени (или 0.2 целзиусови) степени потопол од претходните лета. Ако ова ви звучи познато, тоа е затоа што Јули 2016 се одбележува како 10-ти последователен месец на рекорд по топлина на планетата.
“Страшната“ вест е дека влегуваме во ера каде ќе биде за изненадување кога секој нов месец или година не е една од најжешките во историјата“- вели Крис Филд, научник за клима од Институтот Карнеги и Универзитетот Стенфорд.
Да започнеме со фактите. Според извештаите на НАСА минатиот месец, јули беше најтопол месец на планетата откако е започнато со документирање на податоци во 1880 година. Претходен рекорд беше постигнат во Јули 2015 и Јули 2011 што беа многу блиску, НАСА изјавува дека го ставаат на рекордерно место за најтопол месец (иако во Јули 2015 ја имаше предноста што се совпаѓа со “El Niño“ настанот кој е поврзан со постојано затоплување во Централниот и Источен тропски Пацифик).
Од НАСА велат дека масивниот топол бран доаѓа назад уште од Октомври 2015, што според Андреа Томпсон беше првиот месец во базата на податоци што беше потопол за 1 степен од просечното.
Националната Океанска и Атмосферска Администрација (НОАА) користи неколку различни мерки за да се утврдат просечните температури и пресметаа дека до Јули 2016 всушност беа 14 месеци по ред.
Гавин Шмидт, директор на Институтот за вселенски истражување во НАСА изјавил дека тој очекува дека Јули 2016 ќе биде последниот рекорден месец оваа година бидејќи невообичаениот силен “El niño“ изчезнал за одредено време.
Иако “El niño“ официјално беше прогласен во Јуни глобалните температури се уште може да бидат погодени и до три месеци подоцна. Но ова не значи дека рекордот на Јули 2016 ќе биде разрешен како резултат на резидуалните ефекти на “El niño“ топлината.
Додека “El niño“ дава поттик на највисоки температури оваа година, главниот дел од топлината беше заробена од акумулацијата на стакленичките гасови во атмосферата- објаснува Томпсон.