X
 22.07.2018 Наука

Сонда на НАСА ќе го допре Сонцето без да се стопи

За само неколку недели, НАСА ќе лансира еден од своите најамбициозни проекти. Соларната сонда „Паркер“ ќе го „допре“ Сонцето, приближувајќи му се повеќе од која и да е претходно испратена сонда.

„Паркер“ ќе биде на 6,1 милиони километри од површината на Сонцето и внатре во короната, каде температурата достигнува милиони степени.

Изгледа дека дури и најлуксузната заштита ќе се стопи во тие услови. Сепак, површинските температури од околу 460 степени Целзиусови на Венера придонесоа за прилично брзо крахирање на електрониката во сондите кои Русија ги испрати во 1980-ите години.

Како што објаснуваат од НАСА, трикот за заштита на оваа сонда лежи во разликата меѓу температурата и топлината, заедно со густината на вселената. Температурата е мерка колку брзо честичките се движат, но топлината мери колку многу енергија тие всушност пренесуваат. Во вселената, може да има честички кои се движат многу брзо, но не пренесуваат многу топлина бидејќи има многу простор меѓу тие честички. Како што објаснуваат од НАСА, короната, низ која треба да прелета сондата, има екстремно висока температура, но многу мала густина.

-Размислете за разликата меѓу ставање на рака во жешка рерна наспроти ставање во зовриена вода (не пробувајте го ова дома). Во рерната, раката може да издржи значително повисоки температури подолго време отколку во водата каде мора да биде во интеракција со многу повеќе честички. Слично, споредено со видливата површина на Сонцето, короната е помалку густа, па вселенското летало е во интеракција со помалку жешки честички и не добива толку многу топлина - објаснува Сузана Дарлинг од НАСА.

Тоа значи дека штитот, кој ги штити инструментите на сондата, ќе биде загреан до околу 1.370 степени Целзиусови. Во ладењето ќе помогне и белата боја на штитот кој е свртен кон Сонцето, како и дејонизирана вода. Сензорите на сондата ќе ѝ помогнат да си ја поправи ориентацијата за инструментите да не бидат изложени на жешките зраци.

Мора да признаеме, ова е навистина амбициозен, но и неверојатен проект.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука