X
 23.08.2016 Здравје

Моќта на плацебо ефектот

Често се негира моќта на плацебо ефектот иако одамна е познато дека тој делува и поефективно од многу терапии. Плацебо ефектот е важен за да го разбереме процесот на лечење, како и при други медицински интервенции.
мозок


Она што навистина се мисли со терминот „плацебо ефект“ не е само некој мистериозен ефект од некое инертно лекување или третман, туку комплексна мрежа на психолошки ефекти што го опкружува медицинскиот третман.

Кога лекуваме некоја аномалија со некој лек сметаме дека ако еднаш имала ефект, ќе има и во други ситуации. Сепак, при третманот на лечење важна е и средината во која се наоѓа пациентот. Една студија покажала дека пациентите што почесто гледале низ прозорецот во природа имале пократки постоперативни престои во болница, помалку се жалеле и земале помала количина на лекови, отколку оние што биле подалеку од прозорците.

Исто така, позитивниот став кон состојбата помага да се зајакне имунитетот, што понатаму резултира со други позитивни ефекти. Но повторно, и ова зависи од типот на аномајлијата со која се соочуваме. Ако почнуваме терапија или интервенција со идејата дека ќе бидеме излечени, ставот ќе го потпомогне процесот на лечење во целост. Ова е повистинита проценка за плацебо ефектот отколку да сметаме дека е само некој лажен психолошки трик. Многу е важно како ќе го дефинираме самиот термин пред да го примениме во конкретна ситуација.

Колку посигурно верувате во моќта на плацебо ефектот, толку е поголем самиот ефект. Како се пристапува кон пациентот исто така има голема улога. Ако лекарот каже дека „лекот ќе ја ублажи болката“ ефектот ќе биде поголем отколку ако слушнете дека „ова може да помогне“. Цената или етикетата исто така имаат моќ: ако добиете препорака за одредена етикета, а воедно и поскап лек, голема е веројатноста да се врежи во мисла во вашата глава дека истиот лек на друга фирма нема да биде многу од помош.

Ако се соочувате со здравствен проблем пробајте со позитивен став. Тој е бесплатен. Ако долго време трошите многу пари за нешто што нема поголеми ефекти, променете ја компанијата што го произведува лекот, или пробајте друг метод во кој ќе верувате.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје