X
 05.04.2016 Наука

Зошто и како функционира плацебо ефектот?

Плацебо ефектот е необјаснет феномен кој делува кај речиси секого. Имено, во овој феномен, лекови, третмани и терапии кои не би требало да имаат ефект - и честопати се лажни - чудесно прават луѓето да се чувствуваат подобро. Што се случува?


Лекарите го користеле овој ефект уште пред неколку векови, кога започнале да користат лажни лекови кога не можеле да стигнат до вистински или кога некој пациент замислувал дека е болен.

До 20-от век, плацебо лековите започнале да се користат за време на тестирање нови лекови.

Пациентите на кои им биле дадени плацебо лекови, а изјавиле дека се чувствуваат подобро можеби тоа го сториле за да го задоволат лекарот, велат експертите. Потоа, верувањето во ефективноста на некој лек може навистина да предизвика физиолошко подобрување, што може да е причина за ефективноста на плацебото.

Така, плацебото може да ја намали болката, стресот и да го зголеми нивото на адреналин кај пациентите.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука