Силициумската долина - јужниот дел на Заливот на Сан Франциско во Калифорнија - е дом на илјадници старт-ап компании како и на најголемите технолошки компании во светот.
Веб страната „
Glassdoor“ нуди увид во платите кои ги нудат овие технолошки компании. Страната ги анализираше илјадниците извештаи за плати доставени на нивната веб страна од самите вработени во период од март 2015 до март 2016 година со цел да открие колку овие компании ги плаќаат своите вработени.
За да се квалификува на листата, секоја компанија мораше да има седиште во Сан Франциско и да добие најмалку 50 извештаи за плата во едногодишен период.
Ова се компаниите кои нудат највисок просечен пакет надомест во кој се вклучени основната плата и другите форми на надомест како што се бонусите, советите и слично.
ГАЛЕРИЈА