Синзија Паолина де Лио (56), професорка во средно училиште во Чиога, Италија, има 24-годишно работно искуство, но работела само четири години, а цело време земала плата.
Случајот деновиве предизвика голема бура во Италија бидејќи судот ја ослободи професорката од сите обвиненија, но донесе одлука да биде отстранета од државната работа.
Највисокиот суд во Италија донесе одлука според која професорката мора да биде разрешена од државната служба не затоа што речиси 20 години воопшто не предавала, туку затоа што педагошки потфрлила.
Од 2001 до 2021 година професорката била на боледување 67 пати, секојпат од 40 до 160 дена. Освен тоа, неколку седмици била на платен одмор за грижа за родителите, усовршување и други причини.
Учениците штрајкувале поради професорката во 2016 година и барале да се премести во друго училиште. Иако било повикано и министерството да реагира и бил најавен отказ на професорката, ништо не се случило. Професорката тогаш добила тужба за случајот и останала на работното место.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay