Во текот на годините додека ја претворал „Мајкрософт“ во една од најуспешните компании во светот, Бил Гејтс постојано работел. Тој немал слободни викенди, ниту одмор. Дури и не спиел редовно. Тој продолжувал да работи во текот на целата ноќ и не спиел доколку требало да заврши одреден софтвер. На својот блог напишал дека еднаш или двапати не спиел две ноќи по ред. Но тоа се сменило подоцна во неговата кариера.
Тој сфатил дека сите непроспани ноќи и напорната работа оставаат последици. Кои се промените што ги направил Гејтс во однос на навиките во спиењето?
Фото: Wikipedia
Не спијте во соба со ЛЕД-светла
Според Гејтс, ЛЕД-светлата испуштаат сина светлина која лошо влијае врз сонот. Секако, се препорачува спиење во целосна темница, но истражувачите од „Харвард“ откриле дека сината светлина, која ја испуштаат и телефоните и таблетите, најмногу го намалува лачењето на мелатонин, кој му помага на телото да заспие.
Спијте во студено
Гејтс препорачува спиење во простории со температура до 18 Целзиусови степени. Од друга страна, истражувачите велат дека за да заспиете побрзо, помага загревањето на стапалата. Температурата во просторијата треба да биде ниска, а на вашите стапала треба да им биде топло.
Фото: Pixabay
Ограничете го консумирањето алкохол
Алкохолот можеби ви помага да заспиете, но го нарушува квалитетот на сонот, а тоа може да има последици врз концентрацијата и ефикасноста во работата.
Најдете време за дремнување
Гејтс ги препорачува кратките дремки во текот на денот за подобрување на креативноста, но и за долговечност. Експертите препорачуваат дремките да траат од 10 до 20 минути и тие да не се практикуваат по 15 часот.
Автор: Бил Марфи Јуниор
Извор:
inc.com