Бил Марлер е адвокат што има добиено повеќе од 600 милиони долари за клиенти од судски парници за труење со храна. Тој вели дека неговите искуства го убедиле дека одредена храна не е вредна за ризикот и истата тотално ја исфрлил од исхраната.
Бил открива 6 продукти што тој одбива да ги јаде:
1. Сурови остриги: тој вели дека видел повеќе алиментарни болести поврзани со школки во последните 5 години отколку во претходните 2 децении. Причината за ова лежи во затоплувањето на водите. Водата на глобално ниво се загрева и се создава микробен раст што завршува во консумерите на сурови остриги.
2. Претходно подготвени или претходно измиени овошје и зеленчук: Марлер од овие производи бегал како од чума. Тие можеби се погодни за употреба, но се многу загадени.
3. Сурово зелје: епидемиите предизвикани од овие зеленчуци се честа појава со можност повеќе од 30 бактериски епидемии, најмногу салмонела и ешерихија коли, во изминатите 2 децении.
4. Малку печено месо: Бил Марлел вели дека не би го нарачал неговото парче месо полу печено. Месото треба да се готви до 160 степени за да се уништат бактериите што може да предизвикаат салмонела или ешерихија коли.
5. Неварени јајца: иако шансите за труење се многу помали во однос на оние пред 20 години, Бил преферира тие да се сварат целосно.
6. Непастеризирано млеко и сокови: одредени движења ги охрабруваат луѓето да пијат „сурово“ млеко и сокови тврдејќи дека пастеризацијата ја уништува хранливата вредност. Бил вели дека таа не е опасна, но „суровите“ производи може да бидат. Прескокнувањето на овој чекор значи зголемен ризик од бактерии, вируси и паразити.