X
 01.09.2016 Живот

Гинис за наместени избори

Знаете ли кои избори се прогласени за најнерегуларни во историјата на човештвото и како се вика носителот на ова неславно одличје?

Токму во земјата чие име значи "Земја на Слободата" – Либерија, изборите за претседател одржани во далечната 1927 година, според Гинис, се најнерегуларните, најфризираните и најнаместените “слободни и фер” избори одржани кога било – и заради тој факт, согласно Гинисовата листа на рекорди, убедливо се на прво место!

Чарлс Данбар Бургес Кинг (1875-1961)  станал претседател на оваа земја на изборите во 1920 година. На распишаните избори во 1927 година, за противкандидат го имал Томас Фокнер, но го декласирал и извојувал нов мандат, добивајќи вкупно 234.000 гласови, според официјалното соопштение од страна на државните изборни органи.

Проблемот, според гинисовите статистичари, лежи во фактот што во Либерија, во тој момент, биле запишани само 15.000 граѓани со право на глас.

Чарлс Кинг, некогашен претседател на Либерија
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот