X
 06.04.2024 Живот

Во оваа земја постојат „денови на јорганот“ - тогаш вработените не одат на работа за да се одморат

„Дувет дејс“, односно „денови на јорганот“ е иновативна иницијатива усвоена од некои компании во Обединетото Кралство за да се промовира благосостојбата на вработените.

Воведени во 1996 година, овие слободни денови им нудат можност на вработените да се одморат од работа без претходна најава, овозможувајќи им да се посветат на личната благосостојба.

За разлика од традиционалните празници, „деновите на јорганот“ не бараат планирање однапред и можат да се земат еднаш на три месеци. Ова на вработените им дава попристапна и непосредна можност да одвојат ден за целосна релаксација.

За време на овие денови, вработените можат да изберат дали ќе го поминат слободното време в кревет, обновувајќи го телото или, пак, ќе ги практикуваат омилените активности, и дома и на отворено.

Иницијативата активно ја промовираат работодавците во Обединетото Кралство, кои ги препознаваат многуте придобивки што доаѓаат од опуштените, среќни и добро одморени вработени.

Овие денови за одмор не само што помагаат да се намали заморот, анксиозноста и стресот, туку им овозможуваат на работниците да одржуваат здрава рамнотежа помеѓу нивниот професионален и личен живот.

Најчестите причини за користење на овие денови се заморот, анксиозноста и стресот.

Затоа, овие денови се покажаа како ефикасна алатка против прекумерната работа и за промовирање на општата благосостојба на вработените.

Извор: Novilist.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот