X
 24.01.2018 Култура

Кои дестинации треба да се избегнуваат во 2018 година?


Пејзаж од птичја перспектива
(Фото: Youtube screenshot)


Американскиот Си-ен-ен објави листа со дестинации што треба да се избегнуваат во 2018 година, меѓу кои се Барселона, Венеција и Дубровник.

Листата е составена врз база на настојувањата за намалување на бројот на туристи што поединечни туристички одредишта ги правеа во последните 12 месеци заради зачувување на одредени екосистеми или поради слабата локална инфраструктура.

Затоа, оваа медиумска компанија им предлага на туристите добро да размислат пред да донесат одлука да ги посетат овие места.

На списокот се најдоа и петте села на италијанската ривиера познати како Чинкве Тере. Во 2016 година овие места ги посетија дури 2,5 милиона туристи. Властите размислуваат да го намалат тој број на 1,5 милион туристи годишно поради огромниот метеж што се создава, но и поради стравот од лизгање на земјиштето.

Барселона, како престолнина на Каталонија, во 2016 година била посетена од 34 милиони туристи, што е за 25% повеќе во споредба со 2012 година. Локалното население е незадоволно, а се испишуваат и графити по фасадите против туристите во градот. Власта реагираше така што го намали капацитетот за сместување во градот.

Дубровник исто така се најде на оваа листа затоа што УНЕСКО се закани дека ќе му го одземе статусот на светско културно наследство поради екстремниот метеж во градот, па властите презедоа драстични мерки за намалување на бројот на посетители на 4.000 дневно. Досега тој број изнесуваше 10.000 на ден! Градоначалникот на градот има намера да го намали и бројот на траекти што влегуваат во пристаништето.

На списокот се и Венеција, островот Скај во Шкотска, островот Галапагос, Таџ Махал во Индија, Санторини во Грција, Монт Еверест, Бутан, Антарктикот и Мачу Пикчу во Перу.

Како што се наведува, поради енормниот број туристи, локалните жители почнале да се иселуваат од Венеција, а на градот му се заканува еколошка катастрофа.

Во Бутал локалното население е загрижено поради загрозената животна средина, додека на Галапагос, со ограничувањето на бројот на туристите властите сакаат да ги заштитат игуаните.

Шерпасите во Непал, пак, предупредуваат на зголемениот број несреќи што им се случуваат на сè поголемиот број алпинисти што го посетуваат Монт Еверест.

Погледнете го видеото:


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура