Буквите А, B, и О (на англиски јазик) наеднаш започнаа да исчезнуваат од логоата и знаците на најголемите компании во светот, меѓутоа причината нема никаква врска со вандализмот.
Оваа кампања има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на крводарителството. Организацијата „NHS Blood and Transplant“ заедно со агенцијата за јавни односи „Engine Group“ ја лансираа кампањата наречена „Missing Type“, во која компаниите ги испуштаат буквите од нивните логоа кои ги означуваат крвните групи.
Кампањата предупредува за намалувањето на крводарителите за неверојатни 30% во изминатава деценија и сака да ги охрабри луѓето да станат крводарители.
Неколку големи компании веќе се придружија и го поздравија напорот.
Брендовите како „Googgle“, „Microsoft“, „Santander“, „Tesco“, и градовите како Амстердам и Торонто ги отстранија буквите од нивните логоа со цел да ја подигнат свеста за важноста на крводарителството.
Кампањата веднаш се покажа како успешна: после 10 дена лансирање, се пријавија дури 30.000 нови крводарители.
На секои две секунди некому во светот му е потребна трансфузија со крв. Бидете и вие дел од кампањата и донирајте крв.