X
 08.04.2017 Образование

Математика на античките Грци со букви наместо со броеви

Античките Грци биле неверојатно талентирани математичари, но ретко кога користеле броеви, иако ги имале. Всушност тие имале на некој начин поелегантен систем од римските броеви, што сѐ уште понекогаш се користи  денес.

Во шестиот век п.н.е. грчката азбука имала 24 букви. За да се направат броеви Грците со букви ги означувале броевите од 1 до 9, десетките и стотките:

1–9: Α, Β, Γ, Δ, Ε, [digamma], Ζ, Η, Θ

10–90: Ι, Κ, Λ, Μ, Ν, Ξ, Ο, Π, [qoppa]

100–900: Ρ, Σ, Τ, Υ, Φ, Χ, Ψ, Ω, [sampi]

Овие биле комбинирани за да се формира еден број, на пример МА бил 41, ПНЕ бил 155. За илјадарките се додавала и запирка пред буквите, при што ,BTKZ значел 2327.

Како и секој систем имал позитивни и негативни страни. Покрај симболите недостасувал бројот 0. Алфабетскиот систем за броење првин се појавил како локален феномен на грчките острови на Егејот во текот на 6 век п.н.е. и бил усвоен од Египќаните преку трговијата. Во тоа време Питагора ја револуционализирал математиката со неговата теорема. Системот бил еден од многуте локални системи кои опстојувале во Античка Грција.

Популарноста му опаднала за 150 години кога повторно се појавиле на сцена во 4 век п.н.е. кога Архимедас ја откривал применетата матетика, а Птоломеј ја пресметувал должината на илјадници места.

Арапските броеви нема да исчезнат, но ако Ви е здодевно со нив, пробајте да сметате со овие броеви барем за забава.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование