Зошто постојано би се фаќале за глувчето ако не морате? Овие кратенки ќе го направат глувчето сосема непотребно во поголем број секојдневни ситуации.
Ctrl+F
Кога треба да пронајдете нешто во некој документ, табела или на некоја интернет-страница, наместо вртењето надолу, притиснете Ctrl+F и напишете го тоа што сакате да го пронајдете.
Ctrl+Shift+клик
Додавањето документи во електронската пошта или облакот може да биде навистина досадно. Едноставно е ако сакате да ги додадете сите одеднаш (за тоа служи комбинацијата Ctrl+A), но што ако сакате да исфрлите некои? За тоа ви е потребна комбинацијата Ctrl+Shift+клик.
Windows+M
Имате отворено многу програми и треба брзо да дојдете до десктопот? Кликнете на Windows+M.
Ctrl+W
Со оваа комбинација ќе ја затворите отворената програма или таб без користење на глувчето.
Windows+L
Оваа комбинација може да ве спаси кога набрзина треба да го „заклучите“ компјутерот.
Ctrl+D
Наидовте на интересна статија, но сега немате време да ја прочитате и имате отворено премногу табови? Со оваа комбинација ќе ја зачувате статијата за подоцна.
Ctrl+PrtScr
Вака можете да добиете скриншот од она што во моментот ви е отворено на компјутерот.
Alt+стрелка
Ако притиснете Alt и некоја од стрелките што покажуваат налево или надесно во пребарувачот, ќе можете да се движите низ историјата на пребарувањето. Супер корисно ако сте заборавиле од каде сте го започнале
пребарувањето.