X
 03.01.2017 Технологија

За што служат копчињата од тастатурата „F1“ до „F12“?

Ако некогаш сте се прашувале за што служат копчињата во горниот дел од тастатурата, веб-страницата „Брајтсајд“ го дава одговорот.

F1- Ја отвора функцијата помош на екранот за скоро секоја програма.

F2
- Овозможува менување на насловот на документот или датотеката.

F3 - Ја отвора опцијата за пребарување во врска со апликацијата која е активна во даденото време.

F4 - Истовремено со притискање на „Alt“ и „F4“ се затвора активниот прозорец.

F5 - Овозможува освежување („Refresh“) на страницата или документот.

F6
- Го поместува покажувачот до лентата за адреса во речиси сите интернет прелистувачи.

F7 - Ви овозможува проверка на правописни и граматички грешки во апликациите на „Мајкрософтt“ како „Мајкрософт Ворд“.

F8 - Се користи за пристап до менито за „подигање“ во „Виндоус“ кога се вклучува компјутерот.

F9 - Го освежува документот во „Ворд“ и опцијата на праќање и примање на е-маил во „Аутлук“.

F10 - Ја активира лентата за мени на отворените апликации. Во исто време притискање на „Shift“ и „F10“ е исто како десен клик.

F11- Овозможува активирање или деактивирање на гледање на содржината на цел екран во рамките на интернет пребарувачите.

F12 - Отвора прозорец за опцијата за зачувување ( „Save Аs“) во „Ворд“.
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија