X
 02.01.2024 Живот

Зошто повеќе ни се спие во зима?

Доколку во моментов седите на работа обидувајќи се да не заспиете, не сте единствени. Голем дел од луѓето спијат повеќе во текот на зимата. Според неодамнешна анкета во САД, 34 отсто од испитаниците изјавиле дека спијат повеќе во зима.

Дали е нормално да се спие повеќе во зима?

Човечкото тело прима сигнали од сонцето за будење и одмор. Кога е светло надвор, треба да сме активни, но приказната е различна кога ќе зајде сонцето. Со промените на должината на денот се менуваат и нашите тела, па затоа нормално е повеќе да сакаме да спиеме во зима.

Темнината обично е знак за одмор, а намалувањето на сончевата светлина предизвикува зголемување на мелатонинот, што го поттикнува сонот. Освен тоа, постуденото време предизвикува промени во метаболизмот кои прават повеќе да ни се спие.

Поволности од подолгото спиење во зима

Експертите препорачуваат возрасните да спијат просечно 7 часа или повеќе во текот на ноќта. Спиењето носи повеќе поволности. Меѓу другото, тоа го зајакнува имунолошкиот систем и помага во намалувањето на телесната тежина.

Спиењето го подобрува и менталното здравје и може да го подобри расположението бидејќи ги намалува симптомите на депресија.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот