Германецот Колја Шпери е човекот кој е вистински светски патник, но за разлика од останатите, тој не ужива на Бали или на Канкун, не се движи под светлата на Токио и Њуjорк, туку бира места како што се Чеченија или Сомалија.
Во опширно интервју за Би-би-си,
Шпери вели дека сака да патува на местата кои се означени како „зони на конфликт“, да лута во Сибир и републиките од поранешниот Советски сојуз. Тој е авантурист и скептик одгледан во Германија, син на известувач кој служел во странство, а во моментов живее во Монако. Верува дека масовните медиуми и светските лидери, со поддршка од Западот, сакаат да ги уверат луѓето дека светот е „страшно место“. Тој смета дека секоја земја е достапна за светските патници, ако ги направат вистинските потези, односно да се избегнуваат вистинските опасности. Вели дека патувал низ многу земји во кои имало конфликти, но поентата е да се избегнува фронтот.
Чеченија, Таџикистан, Судан и Иран ги карактеризира како преубави земји со пријателски настроен народ. Истакнува дека луѓето во муслиманските земји се повеќе гостопримливи од жителите во христијанските земји.