Во оваа ера на многу брз технолошки развој,
програмирањето е една од најбараните професии.
Интернет порталот
HackerRank објавил анализа која ги рангира земјите со најдобрите програмери во светот. На прво место на листата се наоѓа Кина, по неа е Русија, Полска, Швајцарија, Унгарија и Јапонија.
Последните места ги добиле Тајван, Франција, Чешка и Италија. Истражувачите се изненадиле од САД и Индија затоа што се покажале многу скромно на ранг-листата. Истражувањето е направено со 1,5 милиони поединци, а се анализирала брзината и точноста со која се решавале предизвиците. Анализите освен што ги рангирале земјите, покажуваат и кои предизвиди се најпопуларни меѓу учесниците, кои земји доминираат во одредени задачи и кој програмски јазик се преферира според земјата од која доаѓа учесникот.
HackerRank е интернет страна за бесплатно програмирање која им овозможува на програмерите да ги усовршуваат своите вештини со решавање на предизвици.