X
 07.09.2022 Живот

Лекции што може да ги научиме од најсреќниот човек во светот

Матје Рикар е најсреќниот човек на светот, според науката. Тој бил прогласен за најсреќниот човек на светот врз основа на 12-годишно истражување за медитација водено од невронаучникот Ричард Дејвидсон од Универзитетот во Висконсин.

Истражувањето покажало дека кога Рикар медитира, неговиот мозок произведува гама-бранови какви што досега не биле забележани. Освен тоа, мозокот на Рикар бил поактивен во делот кој е одговорен за среќа, а помалку активен во делот кој е поврзан со негативните емоции. Рикар работи како преведувач за француски јазик за далај-лама и пишува книги. Што може да научиме од него за среќата?

Вежбање на умот

Рикар смета дека среќата е вештина и како таква бара вежбање и труд. Ова најчесто се прави со медитација и свесност. Според него, медитацијата е начин за подобро разбирање на работата на умот и таа може да има повеќе облици.



Станете добронамерни

Рикар вели дека среќата не треба да биде постојано бркање на искуства бидејќи тоа резултира во фрустрација и незадоволство. Неговата лична дефиниција за успех е позитивно влијание врз другите.

Не грижете се за малите нешта

Колку често се нервирате за малите проблеми, како истурање на кафето или некоја објава на социјалните мрежи. Ова се работи кои најчесто не може да ги контролираме, но може да го контролираме начинот на кој реагираме на нив.

- Тоа е како сол. Ако ја ставите во чаша, течноста не може да се пие. Значи тоа е кратковидна самопреокупираност. Но ако мојот ум стане како големо езеро, тогаш истата сол не прави голема разлика, не го прави солено целото езеро. Затоа едноставно проширете го умот - изјавил Рикар.


Фото: Matthieu Ricard


Уживајте во она што го имате

Фокусот секогаш треба да биде на она што го имате, а не на она што недостига. Општеството е опседнато со купување најнови модели и производи и често размислуваме за купување на следниот модел наместо да уживаме во оној што го имаме. Доколку секогаш мислиме на следната работа, никогаш нема да доживееме среќа, како зависник, секогаш ќе ни треба следната доза.

Набљудувајте ги мислите

Според Рикар, доколку ги набљудуваме нашите мисли и чувства, може да почнеме да го менуваме начинот на кој се чувствуваме и да ја зголемиме нашата способност за среќа и успех.

Извор: Medium

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот