X
 25.12.2021 Живот

Дали би престојувале во хотел во кој гостите мора да поминат курс за преживување?

„Ајсхотел“ во Шведска е дефинитивно еден од најстудените хотели во светот. Се наоѓа на 200 километри северно од Арктичкиот Круг во Јукасјарви. Хотелот неодамна го претстави својот нов апартман.

Апартманот е дизајниран од принцот Карл Филип Бернадоте и неговиот деловен партнер Оскар Килберг. Апартманот е наречен „Сон на летната ноќ“ и содржи цветни елементи и други растенија.

1
Фото: Instagram

Бернадоте и Килберг велат дека нивната цел била да го прикажат празнувањето на летната краткоденица, еден од најпознатите празници во Шведска.

- Дали постои подобар начин да се покаже убавината на мразот од тоа најубавите цвеќиња да се вклопуваат во средината? Скандинавската природа што нè опкружува игра голема улога во нашата култура - велат тие.

Инаку, „Ајсхотел“ бил отворен од Ингве Бергвист во 1989 година и оттогаш се реновира секоја зима. Пред пет години беше отворен „Ајсхотел 365“, а во рамките на хотелот има технологија за ладење на соларен погон. Хотелот е отворен во текот на целата година, има бар, уметничка галерија и неколку апартмани.

2
Фото: Instagram

Според податоците од официјалната веб-страница, температурата во хотелот се движи од -5 до -7 Целзиусови степени. Гостите добиваат вреќи за спиење и мора да посетат курс за преживување за да се приспособат на оваа студена средина.


Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот