X
 10.09.2016 Образование

Лекции за младите од параолимпијците

При подготовките за натпреварувањата на Параолимписките игри, учесниците не поминуваат само физички туку и ментални тестови. Психолозите идентификувале 5 карактеристики што им помагаат на параолимпијците да успеваат да се соочат со самиот предизвик. Може ли да бидат применливи и кај другите?


параолимпиец


Еве што младите може да научат од нив:

Саморегулација

Параолимпијците се помалку анксиозни по природа. Или подобро се справуваат со нервите? Стресот и анксиозноста ја попречуваат концентрацијата и затоа е потребна самоконтрола и смиреност за да се постигне резултат. Постојат техники за да се постигне тоа: внатрешните монолози да бидат попозитивни и да се гледа на големите настани како можност наместо како на закана, се само дел од нив. Експертите велат дека кога се применуваат кај ученици овие техники за саморегулација, тие имаат огромен ефект.

Ментална цврстина


Ова значи да се има високо ниво на мотивација за справуват со разни ситуации и да се фокусирани на целите. Параолимпијците тренираат долгорочно само за еден настан што се случува на четири години. Учењето на долгорочни патеки е важно во годините на едуцирање  во училиште и без тоа да има поголемо влијание врз оцените.

Енергичност

Важно е да се биде енергичен и да се вложува напор. Можеби е тешко да се научат децата на ова, но не е невозможно. Наставниците можат да создадат поенергична атмосфера да дадат мотив за да се вложуваат повеќе напори и енергија, а со тоа и би се негувале внатрешните мотиви на учениците поединечно. Потребно е да се креира чувство за цел што треба да биде остварена. Наставниците би требало да потенцираат каде има напредок, а кои вештини треба да се подобрат.

Оптимизам

Средните училишта не се најпозитивните места. Во психологијата оптимизмот се мери по тоа како се перцепира неуспехот, долгорочно или како нешто привремено. Параолимпијците се многу пооптимистичи од една просечна личност.

Контрола

Ако мозокот не знае што ќе се случи со создава нервоза или стрес. Затоа параолимпијците велат дека се фокусирани на процесот, т.е. на она што може да го контролираат, стратегиите, рутините и изведбата. Учениците може да развијат свои техники соодветни на нивните потреби. Но, најважно е да бидат концентрирани на процесот, а не на последиците.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование