X
 18.01.2024 Живот

Подобра иднина за младите по европски стандарди - градење квалитетно образование дома со поддршка на Европската Унија

Како државјани на ЕУ, македонските граѓани ќе го уживаат правото на слободно движење, односно да патуваат, работат и да живеат во друга земја на Унијата. Во исто време, тоа претставува и можност за младите да студираат и да го продолжат својот образовен развој во другите земји. Членството на Македонија во ЕУ, преку примена на европските стандарди и практики, значително ќе го подобри македонското образование, а на младите ќе им даде нови можности за личен развој.

Преку многубројните програми поддржани од Европската Унија, младите се поврзуваат и ги споделуваат вредностите на ЕУ, се подигнува нивната свест за придобивките од членството во ЕУ.

Преку нивното вмрежување со врсниците од ЕУ, младите од Македонија ја развиваат соработка која има позитивен придонес во развојот на дијалогот на најразлични теми и стекнуваат искуство за издигнување на граѓанскиот активизам.

Ова се само дел од придобивките за младите од Македонија, а кои им се на располагање како дел од процесот на европеизација на општеството преку преговорите со Европската Унија и исполнување на критериумите за полноправно членство.

Тоа ќе значи европско образование и обука овозможени преку фондовите на ЕУ, зајакнување на младинското претприемништво, стекнување нови вештини што помагаат во носење на европските вредности дома. Во оваа анализа се осврнуваме на придобивките од Европската Унија за младите од Македонија и воопшто за образованието во целина.


ЕУ нуди можности за студентска размена!


Речиси сите во земјава слушнале за Еразмус+ програмата за студентска размена која им овозможува на младите да студираат во други земји. Преку програмата македонските студенти имаат можност да дознаат повеќе за странската култура, јазик и традиции, а притоа да го споделат и нашите, македонски вредности со нив.

Како дел од ЕУ, македонските студенти ќе имаат и пристап до стипендии и грантови кои дополнително би го олесниле студирањето на престижните европски универзитети, што потоа би им помогнало во развојот на нивните идни кариери.


Нови практики и методи на настава!


Покрај за студентите, Еразмус програмата е достапна и за професорите кои имаат можност низ обуки и проекти за соработка да разменат знаење и методи на настава со своите европски колеги.

Со тоа не само што се подигнуваат стандардите во образованието во Македонија, туку се зајакнуваат и врските меѓу нив и институциите на европско ниво. Соработката која доаѓа со членството во ЕУ се протега и надвор од индивидуалните искуства за учење.

Со влезот во Унијата, Македонија би добила пристап до нови образовни ресурси, методи на настава и проекти за соработка со колегите на европскиот континент, на тој начин движејќи ја државата кон срцето на Европа, каде што размената на идеи и искуства е главен катализатор за заеднички просперитет.



Финансиска поддршка од ЕУ за развој на реформи во образованието


Најновиот пакет финансиска поддршка за Македонија за реформи во образованието преку проектот „ЕУ за млади“ изнесува 15 милиони евра. Со овие средства веќе се спроведува програмата „Гаранција за млади“ која вклучува: мерки за активирање на младите кои првпат се регистрираат како активни баратели на работа; претворање на три средни училишта од Полошкиот, Североисточниот и Југозападниот Регион во регионални центри за стручно образование и обука и промена на законодавството.

Македонија е првата држава која иако не е земја членка на ЕУ, ја воспостави програмата „Гаранција за млади“ уште во 2018 година, за да ја адресира невработеноста на младите. Конкретно, оваа програма им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување. До 2020 година 25.502 млади луѓе учествувале и ги искористиле можностите за вработување, образование или обука. 7.684 од овие млади се вработиле во рок од 4 месеци.

Дополнително, Европската Унија помага и за интеграција на дигиталните технологии во образованието. Како земја членка, Македонија би добила и финансиска поддршка за изградба и унапредување на дигиталната инфраструктура во училиштата со што тие би добиле побрза интернет-конекција и нова опрема.

Земјите членки заедно развиваат и програми за дигитален раст и развој, преку кои се борат против дигиталната неписменост. ЕУ дополнително обезбедува и пристап до специјализирани програми и инцијативи за образование и дигитализација, како одговор на конкретните потреби на земјите членки.

Членството во ЕУ создава и поддржува интегриран и дигитално напреден образовен систем, со цел да ги подготви идните генерации за предизвиците, но и за можностите на 21 век. Европските инвестиции во образованието ги надминуваат традиционалните граници, а со поддршка на мобилноста, дигитализацијата и истражувањето, ЕУ гарантира дека образованието останува камен-темелник на напредокот, збогатувајќи ги животите на граѓаните низ земјите членки и поттикнувајќи динамично и конкурентно европско општество.

За Македонија и за македонските граѓани, тоа значи можност за подобра иднина и ветување дека идните генерации ќе имаат повеќе можности и опции за едукација и личен развој, во поинаква, дигитализирана средина.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот