X
 15.05.2019 Живот

Во Венецуела престана да излегува 100 години стар дневен весник

Последното печатено издание на венецуелскиот дневен весник „Панорама“ беше објавено вчера. Весникот згасна поради недостиг на хартија и тој им се придружи на голем број други венецуелски публикации што сега се достапни само на интернет.

 - Се обидовме да го продолжиме постоењето на нашата хартиена верзија, но и покрај сите напори што ги вложуваме, денеска со тешко срце ви го нудиме последното печатено издание - објасни администрацијата на „Панорама“, најстариот весник во Зулија, држава во Западна Венецуела богата со нафта.

Весникот „Панорама“, кој е основан пред 104 години, се сметаше дека е политички независен и беше единствената печатена публикација во државата Зулија, бидејќи сите други дневни, неделни и месечни весници веќе ставија клуч во брава.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот