X
 29.11.2016 Здравје

Што е Cluster главоболка?

Позната уште како „самоубиствена главоболка“, бидејќи лицата кои ја имаат често извршуваат самоубиство, „cluster“ главоболката се смета за една од најболните човечки состојби познати на науката – се опишува како поболна дури и од кршење на коските, било кој степен на изгореници, па дури поболна и од породување.


Болката трае најмалку 20 минути, а најдолго 2 часа. Болката е централизирана точно кај слепоочницата. Научниците не знаат што ја предизвикува оваа главоболка, а стандардните таблети против болки обично не помагаат. Вака го опишува искуството со ваквите главоболки Џанкарло ДиТрапано. Тој вели дека ја трескал главата од ѕидови бидејќи не можел да ја издржи болката. Докторот Марк Грин истакнува дека не постои лек. „Се работи за тешки и болни главоболки, а агенсите кои ги користам некогаш функционираат, но не постојано“.

Третманите кои ги припишуваат лекарите вклучуваат Имитрекс – лек за инјектирање кој ги стеснува крвните садови во мозокот и брза инхалација на кислород. Лекот е добар за стопирање на нападите, но не и за спречување на нивната појава. ДиТрапано ги користел, но не му пружиле олеснување како што тоа му се случило со психоделични супстанци. Тој вели дека пред неколку години ја открил организацијата „Cluster Busters“ која се залага за употреба на алтернативни (за жжал нелегални) начини за лечење на „cluster“ главоболките. Организацијата ја основал Боб Волд, кој во 1998-ма година со помош на психоделични супстанци го спречил циклусот на главоболки и сметал дека мора да зборува јавно за тоа.

Од основањето на организацијата, Волд вели дека 95 проценти од лицата кои ги сретнал што ги имаат овие главоболки, ги излечиле со психоделичните супстанци и никогаш повеќе не ги користеле лековите што им ги препишале докторите. Бидејќи е тешко да се одреди медицинската чистота на психоделичните супстанции, фармацевтските компании немаат мотив за вршење на потемелни истражувања и следствено на тоа и заработка.

ДиТрапано тврди дека главоболките буквално му го парализирале животот и нормалното функционирање, бидејќо доживувал од една до седум главоболки дневно и тоа во периоди од месец до шест месеци. Користењето на печурките како психоделична супстанца зависи од начинот на кој некој сака да ја третира својата состојба. Но, психоделичните супстанци реагираат во интеракција со препишаните лекови, па оние кои патат од главоболкуте морат да се одлучат за едниот или другиот третман.

Ди Трапано вели дека му требало многу време и многу претрпена болка за конечно да дојде до решението, а според него, смешно е како одговорите се наоѓаат на поселдното место на кое би се сетиле да ги побарате. Сега вели дека нема болки три години. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје