X
 24.04.2021 Живот

Зошто црвенокосите луѓе имаат поголема толеранција на болка?

Во едно навидум парадоксално истражување американски научници откриле дека црвенокосите луѓе имаат поголема толеранција на болка поради истата работа што ги прави поподложни на изгореници од сонце.

Истражувачот Дејвид Фишер од генералната болница во Масачусетс изјавил дека истражувањето покажува можна врска помеѓу толеранцијата на болка и пигментот на кожата. Во него се открило дека клетките што ја одредуваат бојата на кожата, наречени меланоцити, играат голема улога во толеранцијата на болка кај луѓето.

Кај црвенокосите, меланоцитите не може да регулираат доволно темен пигмент за потемнување, што придонесува на зголемување на нивната толеранција на болка. Кај црвенокосите не функционира рецепторот за меланоцити наречен меланокортин 1, што го прави затемнувањето на кожата речиси невозможно и ги прави подложни на изгореници од сонце.

Ова придонесува за зајакнување на функцијата на сензорите за намалување на болката, па затоа црвенокосите повеќе може да поднесуваат болка од другите.

Една од целите на истражувањето е да им покаже на здравствените работници дека толеранцијата на болка може да варира кај пациентите.

Автор: Бен Кост
Извор: foxnews.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот