Медитацијата е најдобриот лек за телото. Да достигне состојба на хармонија и внатрешен мир, што доведува и до регенерација. Кога луѓето се разболуваат, најчесто посегнуваат по медикаменти. Но, што ако медитацијата може да излечи а и да превенира некоја болест?
90 проценти од болестите се предизвикани и произлегуваат од секојдневно акумулираниот стрес, а медитацијата е одлична за избивање на негативните емоции кои лошо влијаат на целокупниот организам. Промените во свеста и размислувањето, доведуваат до промени и во билошките процеси, што значи кога сте смирени и релаксирани, вашето тело лачи серотонин, окситоцин и допамин, што резултира со стабилизирање на имуниот систем, а се прекинува и лачењето на адреналин и кортизол, кои дополнително го оптеретуваат човечкото тело.
Медитацијата научно е докажано дека помага во :
1. Надминување на стресот
2. Зголемување на креативноста
3. Доведува до намалување на тежината
4. Поттикнува здрави навики и намалување на крвниот притисок
5. Го намалува ризикот од срцев удар
6. Ја намалува анксиозноста, депресијата, лутината и конфузијата
7. Ја подобрува перцепцијата за болка
8. Го зголемува либидото
9. Ја зголемува концентрацијата
10. Ја зголемува големината на најважниот орган во телото - мозокот!