Во Вашингтон, каде што цените за изнајмување стан се огромни, еден претприемач сакал да живее посовесно, па ја дизајнирал и изградил својата малечка куќа од соништата.
Три Тринх се одлучил за модерно, природно, минимализирано и одржливо место за да ги намали своите месечни трошоци додека работи за предвремено пензионирање. Со пониски трошоци за живот, Три има повеќе време и енергија за искуства што му носат радост, како патувања, јога и растенија. И како сопственик на малечка куќа, тој во моментов плаќа една третина од она што го плаќал за да живее во мал апартман во градот.
- Мојата главна мотивација за живеење во
мала куќа беше намалување на месечните трошоци бидејќи работам кон финансиска независност и рано пензионирање. Трошоците за домување во Вашингтон се високи и се чини дека постојано растат. Сега можам дополнително да заштедам. Со помали трошоци за живот имам слобода поголем дел од моето време да се фокусирам на искуства што ми носат радост - вели тој.
Во неговата мала куќа има 14 прозорци, светларник и стаклена врата што создаваат неверојатна оаза на природна светлина. Освен тоа, куќата изобилува со различни растенија.
Извор:
Apartmenttherapy.com
Фото: Amanda Archibald