Најбогатите луѓе во светот се највиновни за климатската криза поради нивниот животен стил, велат истражувачите. Трошењето на енергијата расте со богатството на поединецот, открива едно
истражување.
Истражувачи од Универзитетот во Лидс анализирале податоци од 86 земји. Било откриено дека најбогатите 10% од луѓето трошеле околу 20 пати повеќе енергија отколку најсиромашните 10% од населението. Во истражувањето биле земени предвид директната потрошувачка на енергија од страна на луѓето и онаа потрошена за производство и транспорт на производи кои ги користат лицата, вели Џулија Стајнбергер, еден од истражувачите што работеле на анализата.
Фото: Pixabay
Таа додава дека богатите домаќинства трошат повеќе на производи што трошат многу енергија и тоа е така насекаде низ светот. Трошењето за транспорт, без разлика дали е авионски, земјен или воден, бил еден од најважните фактори што играат улога во нееднаквоста покажана во истражувањето. Најбогатите 10% од луѓето потрошиле над половина од целосната енергија што била потрошена за патување. Повеќето од оваа енергија е добиена од
фосилни горива.
Фото: Pixabay
Од друга страна, за готвење и загревање се троши еднаква енергија помеѓу различните групи. Истражувањето открило и нееднаквост на консумирањето енергија помеѓу државите. 25% од Британците спаѓале во 5% од светското население што троши најмногу енергија. За споредба, 100% од населението во Луксембург, а само 2% од кинеското население се наоѓаат во овие 5% најголеми потрошувачи.
Во меѓувреме, најсиромашните 20% од Британците користеле петпати повеќе енергија од 84% од Индијците.
Автор: Зои Тидман
Извор:
independent.co.uk