X
 24.09.2019 Живот

Самит во ОН за климатските промени: Светските лидери ветија поинтензивна борба

Светските лидери се заложија на Самитот за климатски самити на ОН во Њујорк дека ќе сторат повеќе за да спречат глобалното затоплување да достигне уште поопасно ниво. Сепак, тие признаа дека тоа не е доволно.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера, кој ќе биде домаќин на разговорите за климата подоцна оваа година, рече дека 66 земји ветиле дека ќе имаат поамбициозни цели за климатските промени, додека 30 земји ветиле дека ќе постигнат неутралност од јаглерод до околу 2050 година.

Лидерите на Финска и на Германија, исто така, ветија дека ќе го забранат јагленот во рок од десет години.

На Самитот се зборуваше и за американскиот претседател Доналд Трамп, иако тој не се обрати. Трамп непланирано дојде на самитот, иако САД не беа на агендата, и се задржа околу 15 минути.

Според американски медиуми, тој внимателно го слушал обраќањето на германската канцеларка Ангела Меркел и индискиот премиер Наренда Моди пред да замине од салата.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека земјите мора да ги исполнат своите обврски според Парискиот договор за климата.

- Повлекувањето на одредени партии нема да ја поткопа заедничката цел на светската заедница - рече Ванг.

Специјалниот претставник на ОН за климатски промени и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, му се заблагодари на Трамп што свратил на самитот, додавајќи дека таквиот потег може да се покаже како корисен „при формулирање на климатската политика“. Тоа предизвика смеа и аплауз во Генералното собрание на ОН.

Самитот го отвори генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, велејќи: „Земјата испушта студен крик: Престанете“. Гутереш им порача на светските лидери дека не е време за преговори, туку за акција да се постигне неутралност на јаглерод до 2050 година.

Тој рече дека сака да се ограничи зголемувањето на глобалните температури, додавајќи дека светот би можел да го постигне тоа.

Повеќе од 60 светски лидери се подготвени да разговараат, вклучувајќи ги и оние од Нов Зеланд, тешко погодените Маршалски Острови, но и Индија и Германија.

Додека претседателите и премиерите разговараа за она што се надеваа дека ќе го направат во рамките на нивните граници, францускиот претседател Емануел Макрон ги потсети колегите дека мора да ги вклучат климатските промени во нивната трговска и финансиска политика.

Макрон рече дека земјите не треба да увезуваат стоки што го зголемуваат загадувањето со јаглерод диоксид.

Тој, исто така, побара од другите нации да ги зголемат своите придонеси во Зелениот климатски фонд, кој им помага на сиромашните нации да се справат со климатските проблеми.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот