X
 25.05.2018 Наука

Дрвјата имаат срцеви отчукувања иако немаат срце?

Се чини како секој ден да учиме нешто ново за тоа како растенијата и луѓето и не се толку различни. Веќе знаеме дека растенијата можат да „слушнат“ кога ќе бидат јадени и како тревата „вреска“ секој пат кога ја косите. Сега, научниците откриле дека дрвјата може да имаат срцеви отчукувања иако тие немаат срце.

Постои одреден ритам на животот. Луѓето имаат тенденција да се разбудат наутро и да си легнат навечер врз основа на нивниот циркаден ритам. Другите модели, како што е вашиот дигестивен циклус и ритамот на вашето дишење, се побрзи од изгрејсонцето и зајдисонцето. И секако, тука е вашето отчукување на срцето, кое отчукува повеќе од 2 милијарди пати во вашиот живот.

drvja

Научниците веќе подолго време знаат за побавниот ритам во животниот циклус на дрвото, но најновото истражување покажа дека се чини дека некои дрвја имаат „отчукувања на срцето“ со слична цел како оние на човекот: пумпаат течности низ „телото“ на дрвото. Оваа нова концепција на растителна физиологија се разликува од постарите модели. Според конвенционалното толкување, повисоките делови на дрвото се потпираат целосно на собирање на вода и на крајот испаруваат на долните лисја. Но лидерот на најновото истражување Андрас Злински заедно со неговиот колега Андрес Бафод испитувале 22 различни видови на дрвја во дивината, во услови без сонце и тие откриле дека гранките се движат сами по себе во текот на неколку часа - доволно бавно за човек да го пропушти, но многу побрзо од било кој претходен биолошки процес забележан кај дрвјата.

Поради овој бавен модел, истражувачите сега мислат дека теоријата на испарување не може да содржи вода, а пулсот како модел може да е подобро објаснување.

- Откривме дека повеќето дрвја имаат редовни периодични промени во формата, синхронизирани низ целото растение и пократко од еден деноноќен циклус, што подразбира периодични промени во притисокот на вода - велат истражувачите.

Возбудливиот дел е дека можеби имаме ново објаснување за растителната физиологија што никогаш не била дообјаснета од ботаничарите. Но научниците сè уште не знаат како функционира.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука