Ако откритијата на Тесла секогаш биле приоритет на странските тајни служби, тогаш неговата преписка со Марија Оршиќ секако би била интерес број еден.
Никола Тесла и Марија Оршиќ имаат многу допирни точки. И двајцата имаат потекло од просторите на некогашна Југославија, и двајцата немаа потомство, беа вегетаријанци и љубители на животни... И двајцата беа будно следени од страна на воени и безбедносни служби.
Тесла беше следен од агенти на ЦИА и ФБИ, додека на Марија будно внимаваа Гестапо и СС-службите. Како што наведува порталот Алазул, ако откритијата на Тесла во врска со електромагнетизмот беа од највисок приоритет за странските служби, тогаш неговата преписка со Марија секако би била означена како топ тема.
Она што особено ги поврзува Тесла и Марија, а воедно беше и интерес на странските тајни служби, се нивните откритија во врска со НЛО и контактите со вонземјани. Тесла беше научник и гениј за електромагнетни сили, но Марија на прв поглед била сосема обична девојка, со долга коса, која сака јазици и балет... сè додека еден ден, не паднала во транс.
Од тој момент започнала да дејствува како медиум и додека била во состојба на транс започнала да прима различни технички податоци и упатства за конструирање на НЛО. Меѓу документите на Тесла пронајдени се детални планови и цртежи за конструирање на НЛО. Она што е најинтересно е дека Марија тврдела дека податоците ги добивала на сумерски јазик од планетата Алфа Кентаури. Исто така добивала и податоци за настанокот на човечкиот род, изгубените светови како Атлантида, но и технички податоци како да се создаде “летечка машина”.
Со цел да се протолкуваат тие нацрти, нејзиниот татко ја споил со д-р Ото Шуман. Врз основа на тие податоци, Германците во текот на 1922 година се обидоа да направат НЛО, но на првиот лет проектот доживеал тотално фијаско. Сепак, по само три дена Марија се вратила кај д-р Шуман со нови податоци, врз основа на која бил конструиран нов модел што летал 55 минути и во еден момент достигнал брзина од 300.000 километри на час.
Од друга страна, Тесла пишувал информации за вонземјаните на санскритски јазик. Тој тврдел дека два вида на вонземјани меѓусебно војуваат. Заради грижата за човештвото, Тесла измислил оружје што го нарекол Зрак на смртта, кој според него можел да уништи секаков вонземски брод. “Осмислив начин како луѓето да пренесуваат големи количини на енергија од една на друга планета, без разлика на растојанието”, изјавил Тесла за “Магазин” во 1931 година.
Претседателот на САД, Ајзенхауер, без знаење на Конгресот, во 1958 година одобрил огромни средства за конструирање на база за покренување истражувања според документите на Тесла. Тесла почина во 1949 година во Њујорк, а американската влада веднаш ги конфискувала сите негови трудови и записи.
Марија Оршиќ исчезна во март 1945 година, кога ѝ се губи секаква трага. Треба да се спомене дека во март истата година, во состојба на транс таа добила информации за поразот на нацистичка Германија пред крајот на 1945 година.