X
 15.09.2016 Живот

Како да (не) се однесуваш во ресторан

Љубезни барања од келнер.

Престанете да прашувате за цената на секое јадење или пијалак, сè пишува во менито.

Оставете го телефонот на маса. Воопшто не е учтиво да чепкате по телефонот и да не му се обрнува внимание на келнерот додека прашува што ќе нарачате. Посебно ако ресторанот е полн.

Девојка држи мобилен телефон

Побарајте одеднаш сè што сакате кога нарачувате
, за да не мора келнерот повеќе пати да се враќа до кујната. Ако нешто сте заборавиле, не свиркајте и не викајте по келнерите, тие не се кучиња.

Почекајте ја хостесата. Освен ако нема знак „Ве молиме сместете се сами“, гостите не би требало сами да седнат на маса. Чисто заради фер поделба на масите меѓу келнерите. И, не менувајте ја масата. Ве молам, не го правете тоа.

Хостеса

Бакшишот не е обврска
. Како студент, јас немам многу пари, сите ние немаме многу пари. Но, како келнер, јас зависам од тебе.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот