X
 15.09.2016 Живот

Немири во Германија: Судири на бегалците со локалните жители

Во еден мал град во покраината Саксонија веќе две ноќи по ред има инциденти на насилство меѓу бегалците и локалните жители, но ваквите сценарија биле чести во изминатиот месец. Полицијата известила дека синоќа се случил инцидент со 20 бегалци и 80 десничарски екстремисти се вербални и физички напади. Околу стотина полициски службеници се обиделе да се справат со инцидентите, при што и самите биле жртви на насилство. По обидите за напад на службените лица, полицијата покренала истрага за мигрантите што го рушат редот и мирот на ваков начин.

полиција


Во соопштението на полицијата се вели дека расправата е започната од барателите на азил.

Бауцен е град лоциран близу до границата со Чешка, на 60 километри од Дрезден, но ваквиот тип на инциденти меѓу барателите на азил и радикалната десница се повторувале и како резултат на политиката за мигрантите на канцеларката Ангела Меркел.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот